Баерн без двајца важни играчи во реваншот против Арсенал

Тренерот на Баерн, Томас Тухел ќе има проблем да го состави тимот за реваншот со Арсенал. Баерн, синоќа во Лондон, одигра 2:2 со Арсенал во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.

За реваншот Тухел нема да може да смета на стрелецот на рпвиот гол, Серж Гнабри и левиот бек Алфонсо Дејвис.

Гнабри, минатата недела се врати во тимот и повторно се повреди. Германецот се здоби со повреда на тетивата.

По натпреварот, Тухел го пофали Гнабри што се вратил по секоја цена за да му помогне на тимот.

Крилниот напаѓач би можел да отсуствува до три недели, што значи дека нема да биде подготвен за реваншот со Арсенал.

Алфонсо Дејвис, поради суспензија ќе го пропушти возвратниот натпревар.

Натпреварот помеѓу Баерн и Арсенал е закажан за 17 април.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО