Зоран Тимиќ Тима, кој во 80-те и 90-те години беше предводник на Делии, навивачката група на белградска Црвена ѕвезда, на официјалниот клупски „YouTube“ канал раскажува за морничавиот план за наводни закани, па и кршење нозе на Дражен Петровиќ!
– Петровиќ тогаш беше најдобриот играч на Цибона, со кого Звезда се мачеше, а ние сакавме да го неутрализираме. Прво сакавме да го исплашиме, а потоа да го истепаме. Идеите стануваа се порадикализирани, па дојде до точка да му ги скршиме нозе пред важен натпревар против Ѕвезда, раскажува Тима.
Поранешниот предводник на Делии додава: „Проблемот беше тоа што тој никогаш не одеше сам, секогаш беше со девојка или со друштво. Се договоривме тоа да го сториме пред решавачкиот меч со Цибона таа сезона. Но загубивме тогаш веќе во полуфиналето, па немаше потреба од такво нешто“.
Оваа приказна на пензионираниот лидер на Делии привлече големо внимание во регионот. На неа реагираше и Александар Петровиќ, братот на покојната кошаркарска легенда и тогашен соиграч на Дражен.
– Дали поверував во оваа приказна. Апсолутно не, премногу ми личи на научна фантастика, прокоментира тој за Х.
Da li sam povjerivao u ovu priču? Apsolutno ne, previše mi izgleda kao science fiction? pic.twitter.com/P4HyyWKhuh
— Aleksandar Petrović (@petrov_aco) February 5, 2024