Дефанзивецот на Барселона, Маркос Алонсо ќе се пресели во Атлетико Мадрид. Договорот на 33-годишниот фудбалер со Каталонците истекува и нема да биде обновен. Алонсо ќе се пресели на „Ванда Метрополитано“ како слободен агент, пишуваат шпанските медиуми.
Шпанецот во последните две години настапуваше за Барселона, а претходно беше дел од Челси. Во кариерата играше за Болтон, Сандерленд и Фиорентина.