Атлетико (М) преговара со Нико Гонзалез

Атлетико Мадрид не заврши со летниот трансфер период. Тимот на Чоло Симеоне сака да потпише со уште еден Аргентинец ова лето и започнаа преговори со Јувентус за потпишување на крилниот напаѓач Николас Гонзалез.

Разговорите меѓу двата клуба се за договор во кој шпанскиот клуб целосно ќе ги стекне правата врз 27-годишниот крилен напаѓач.

Договорот на Нико Гонзалез со Јувентус е за уште четири сезони.

Тој им се приклучи на „бјанконерите“ минатото лето како позајмен играч од Фиорентина, а официјално беше купен во јуни за нешто повеќе од 28 милиони евра.

Минатата сезона, Гонзалез постигна пет гола и имаше четири асистенции во 38 настапи во сите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО