Фудбалерите на Атлетико Мадрид по голема драма синоќа и по пенал рулетот, стигнаа до четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Го елиминираа Интер, во првиот меч беше 1:0, но шпанскиот клуб дојде до 2:1 на овој натпревар и тоа со голот на Мемфис Депај во 87. минута, па натпреварот отиде во продолженија.
А бидејки немаше и тука победник, следно што одлучуваше за патникот во следната фаза, беа пеналите.
По мечот, тренерот на домашната екипа едвај смогна сили да даде изјава, бидејки тоа за него беше крајно драматично.
– Среќен сум поради играчите и навивачите. По лошиот меч во Кадиз, реков дека не можам ништо повеќе да барам од публиката, затоа што мора да им вратиме на вистински начин. Денеска бевме доста силни и имавме неверојатна поддршка, тоа ме прави посебно горд.
– Интер беше доста добар, но нашиот тим функционираше добро и победивме. Не ги гледав пеналите, затоа што не сум смирен додека ги гледам. Облак беше одличен, а кога тој е одличен, тешко е да не победиме, истакна Диего Симеоне.
Diego Simeone bursted into tears after Atletico Madrid beat Inter Milan 🥹🇦🇷 pic.twitter.com/YNx9AL7W2p
— LaLigaExtra (@LaLigaExtra) March 13, 2024
Simeone.
pic.twitter.com/844YHwEKCb— Francisco Sierra (@fsierra) March 13, 2024