Атлетика: Новиот светски рекорд на 400 метри не важи!

Светскиот рекорд на 400 метри во сала, што го постави Канаѓанецот Кристофер Моралес-Вилијамс на универзитекиот натпревар во САД, нема да биде признат поради проблемите со регулативите во врска со стартните блокови, соопшти Асоцијацијата на атлетски тренери на САД.

Моралес, 19-годишен студент на Универзитетот во Џорџија, победи во Фајетвил, Арканзас во саботата со време на нов светски рекорд, 44,49 секунди.

Но тоа постигнување нема да биде верификувано бидејќи стартните блокови кои биле користени на трката не биле во согласност со прописите на Светската атлетика (СА).

Според таа регулатива, блоковите мора да бидат поврзани со „старт информативниот систем“ на СА што го следи времето на реакција.

Тоа значи дека светскиот рекорд и натаму останува во сопственост на американскиот спринтер, Мајкл Норман кој оваа делница ја истрча за 44,52 секунди, во март 2018 година, на универзитетското првенство во Тексас.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО