Астон вила потпиша рекорден договор со букмејкерската компанија Бетано. Договор ќе биде активен од 2026 година. За секоја година од договорот Премиерлигашот ќе инкасира по 20 милиони фунти.
Актуелниот договор кој Астон вила го има со БК8 вреди 10 милиони фунти по сезона, што значи дека доаѓањето на Бетано ќе ги удвои приходите од спонзорските договори.
Астон вила бележи добри резултати сезонава. Екипата нпредводена од Унаи Емери се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата и се пласира во осминафиналето од Лигата на конференции.