Челниците на Астон вила планираат да обезбедат засилувања за новата сезона во која клубот ќе настапува во Лигата на фудбалските шампиони.
Медиумите во Англија наведуваат дека екипата од „Вила парк“ сака да го ангажира играчот на Барселона, Роналд Арухо, кој има откупна клаузула од 80 милиони евра. Во исто време се појавија информации дека луѓето од Манчестер јунајтед и од Челси исто така се заинтересирани за потписот на Уругваецот.