Аспиликуета е блиску до нов договор со Атлетико Мадрид

Се очекува Атлетико Мадрид да го продолжи договорот на Цезар Аспиликуета до 2025 година. 34-годишниот дефанзивец му се приклучи на клубот од Челзи минатото лето со едногодишен договор со опција за продолжување на уште една година.

Се уште ништо не е потпишано, но веќе има договор меѓу двете страни и изразена желба на Атлетико Мадрид да потпишат договор со играчот. Аспиликуета има 22 настапи во сите натпреварувања оваа сезона, но е надвор од терените од јануари со скинат менискус.

Репрезентативецот на Шпанија беше избор број 1 за позицијата во тимот на Атлетико и беше блиску до автоматско продолжување на договорот поради бројот на одиграни натпревари. По повредата, клубот ја известил екипата на Аспиликуета за нивните намери. Дефанзивецот го напушти Челзи една сезона пред да му истече договорот со тимот и 11 години стаж кај „Сините“.

Во овој период тој го освои секој можен трофеј со тимот. Атлетико Мадрид е четврти во Ла Лига, 5 бода пред Атлетик Билбао и 3 зад Барселона. Во сабота екипата ќе игра против Кадиз. Атлетико Мадрид се во осминафиналето во Лигата на шампионите, но го загубија првиот меч од Интер со 0:1 и на 13 март следува реванш во главниот град на Шпанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО