Менаџерот на Арсенал, Микел Артета верува дека „топчиите“ имаат шанси во реваншот, односно дека постојат реални шанси да се најдат во полуфиналето.
Арсенал вечерва, иако водеше на почетокот, на крајот се спасуваше од пораз. Но кај Артета постои доза на самоувереност, дека по долги години можат да изборат полуфинале.
– По се’ што видовме, постои верување во мене дека можеме да одиме во Минхен следната недела и да победиме. Мора добро да се подготвиме за реваншот. Постигнавме добар гол, но имавме и гаолем шанса за 2:0, кога Бен Вајт излезе сам против Нојер. Доколку постигневме втор гол, тоа ќе беше друг натпревар. Имаше и недосуден пенал за нас на оваа средба.
Вечерва премногу им оставивме простор за игра. Постигнавме втор гол, изедначивме, но ова е ЛШ, кога не постигнувате гол, доаѓа казната. Многу работи на овој натпревар не ги направивме според договореното, им оставивме простор да бидат опасни по нашиот гол. Во Л, кога му нудите на некој нешто, обично тоа ќе го искористи, порача Артета.