Артета: Сакаме титула, многу научив од Пеп и Клоп

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета запрашан за очекувањата од завршната битка за титулата во Премиер лигата, вели дека „топчиите“ изгледаат одлично и до крај ќе се борат за насловот.

– Се подобруваме. Кога сте меѓу најдобрите тимови, тоа е навистина е позитивно. Ова значи дека се подобруваме. Титулата е предизвикувачка, но во исто време и многу инспиративна. Кога имате двајца од најдобрите тренери во светот против вас, како Пеп Гвардиола и Јирген Клоп, со два огромни клуба кои се натпреваруваат, ги гледате и учите од нив. Се предизвикувате себеси и се стремите кон извонредност бидејќи само така да ги победите, изјави Артета.

Во моментов Арсенал води во Премиер лигата со 83 бода и има еден бод пред својот најлут ривал Манчестер Сити, но „граѓаните“ имаат и натпревар помалку.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО