Напаѓачот на Џирона, Украинецот Артем Довбик проговори за интересирањето од врвните клубови на европскиот фудбал. Претходно во медиумите се појавија вести дека 26-годишниот фудбалер во своите редови го посакуваат Арсенал, Атлетико Мадрид, Милан и Барселона.
– Среќен сум во Џирона. Се чувствувам удобно со сите во овој тим, покрај играчите, тренерот и раководството на тимот. Сите се однесуваат одлично со мене и создадоа такви услови да можам да играм најдобро во кариерата, изјави Дивбик за „АС“.
Минатата сезона украинскиот напаѓач одигра 41 натпревар, постигна 25 гола, плус 10 асистенции и стана најдобар стрелец во Ла лига со 24 гола.
Довбик се пресели во Џирона од Днепр-1 во август 2023 година. Трансферот изнесуваше 7,75 милиони евра, а тој има договор со клубот до јули 2028-та. Во моментов неговата вредност на фудбалскиот пазар се проценува на 35 милиони евра.