Арсенал за прв пат во историјата во бели дресови на домашен терен

Арсенал објави дека на неделниот натпревар од третото коло во ФА купот против Ливерпул, фудбалерите ќе бидат облечени во комплетни бела опрема како поддршка на кампањата „Нема повеќе црвено“ против криминалот со нож и насилството меѓу младите луѓе.

„Топчиите“ носеа бели дресови, гаќички и чораши и на натпреварите во третото коло во ФА купот во минатите две сезони.

Женскиот тим на Арсенал исто така ќе биде во комплетно бела опрема кога ќе го пречека Ватфорд на стадионот „Емирати“, во четвртото коло од ФА купот, на 14 јануари.

За прв пат во клупската историја тимови на Арсенал ќе носат бели дресови на домашни натпревари.

-Натпреварот во недела ќе ја одбележи третата последователна сезона во која ќе го носиме дресот „Нема повеќе црвено“. Во јануари 2022 година за прв пат започна таа кампања со цел да ги заштитиме младите од криминалот со нож и насилството меѓу младите. Комплетот бела опрема нема се продава, но ќе има пригодни маички во продавниците на Арсенал од 29 јануари, по цена од 30 фунти. Собраните пари ќе бидат донирани во добротворни цели, се вели во соопштението на Арсенал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО