Арсенал победи во Брајтон

Фудбалерите на Арсенал ја забележаа 22. победа оваа сезонава. Избраниците на Микел Артета славеа на гостувањето кај Брајтон во натпреварот од 31. коло 3:0, па ќе преноќат на првото место на табелата, а ќе останат таму доколку Ливерпул утре не го победи Манчестер јунајтед.

„Топчиите“ поведоа во 33 минута од пенал. Букајо Сака беше сигурен и прецизен. На пеналот му претходеше фаул направен од Тари Лампти врз Габриел Жесус.

Во самиот финиш на полувремето, Брајтон сериозно, но Раја беше сигурен.

Арсенал не се откажа од нападот ниту во остатокот од натпреварот. И тоа вроди со плод во 62. минута, кога додавањето на Жоргињо во гол го претвори Каи Хаверц.

Победата на Арсенал ја потврди Леандро Тросар во 86. минута. Овој пат Хаверц беше во улога на асистент.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО