Арне Слот си донесе свој тренерски тим во Ливерпул

Новиот тренер на Ливерпул, Арне Слот, заедно со себе во Ливерпул донесе цел тим на соработници. Од клубот денеска потврдија дека нов помошник тренер во фитнес делот ќе биде Сипке Хулшоф, нов кондициски тренер ќе биде Рубен Питерс, а потоа доаѓа и новиот тренер на голманите, Фабијан Оте.

– Јасно е дека сакате да донесете со себе некои луѓе кои ги познавате, бидејќи знаат како сакате да играте, а тоа можат да го пренесат на преостанатите во клубот.

Но, кога одите во клуб како Ливерпул, можете исто така да очекувате дека има многу добри луѓе кои работат таму. Сигурно ќе има уште едно или две нови имиња во тренерскиот тим, изјави Слот за клупската интернет-страница.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО