Арена се испразни, на терен само „црвено-белите“, Партизан одби(ва) да излезе во сала

Вториот меч од финалето во Суперлигата од Србија помеѓу Партизан и Црвена Звезда веројатно нема да се игра вечерва.

Поради инцидентите кои се случија во третата четвртина, играчите и тренерот на Црвена Звезда се повлекоа од белградската арена и не сакаа да играат. Сето тоа се случуваше при водство на Партизан од 57:45.

Натпреварот прво беше привремено прекинат поради инцидентите на домашните навивачи, а залудни беа повиците на играчите да се игра смирено и без навреди.

Арбитрите по неколку минути заклучија дека нема простор за доигрување на натпреварот па и тие се повлекоа во подтрибинскиот простор. Дури и тренерот на Партизан по 10 минути замина во соблекувалните.

По пауза од еден час, салата беше испразнета и со можна најава дека мечот ќе се игра без публика, по што набрзо се појавија играчите на Црвена Звезда на терен.

Судиите им дадоа рок на кошаркарите на двете екипи да се појават на терен до 23 часот, но во моментот само играчите на Црвена Звезда се на терен.

Неофицијалните информации се дека Обрадовиќ и кошаркарите на Партизан одбиваат да излезат на терен без публика.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО