Англиски гиганти заинтересирани за крилото на Борусија Дортмунд

Три англиски гиганти пројавуваат сериозен интерес за крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Дониел Мален. Станува збор за Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Арсенал, пишува „Билд“.

Се очекува 25-годишниот крилен напаѓач да биде продаден на лето, а тој е проценет на 50 милиони евра.

Ливерпул и Арсенал веќе подолго време ги следат настапите на Холанѓанецот и се верува дека на лето ќе преземат конкретни чекори за негово привлекување.

Во исто време, Манчестер Јунајтед може да понуди размена на Мален за Џејдон Санчо. Англичанецот игра на „Сигнал Идуна Парк“ како позајмен од „црвените ѓаволи“, но нема иднина во англискиот клуб. Договорот на Мален со Борусија Дортмунд е до летото 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО