Репрезентацијата на Англија го игра првото коло од ЕП во Германија против селекцијата на Србија.
Во среда наутро со соиграчите не тренираше дефанзивецот на Сити, Џон Стоунс, кој е под знак прашалник, открива Скај Спорт. Тој имаше и претходно повреда која ја провлекуваше извесен период.
Саутгејт потврди дека и левиот бек од Манчестер Јунајтед, Лук Шо, го одработил првиот комплетен тимски тренинг, но и дека тој нема да биде дел од натпреварот против Србија.
Шо за „ѓаволите“ не играше уште од февруари, а селекторот на Англија навести дека Шо би можел да добие само неколку минути и тоа на вториот натпревар во групата, евентуално против Данска.