Англија без Мегваер и Грилиш на ЕП 2024

Герет Саутгејт, селекторот на репрезентацијата на Англија, реши да изостави две имиња од списокот на играчи за ЕП 2024.

Според островските медиуми, во тимот нема да има место за дефанзивецот Хари Мегваер и за офанзивниот играч за врска, Џек Грилиш. Претходно Саутгејт го тргнал од списокот и Џејмс Медисон.

Оваа одлука на селекторот е неочекувана, особено кога станува збор за Мегваер. Играчот на Манчестер јунајтед беше стандарден во националниот тим и кога играше лошо во клубот.

Според медиумите повредата на потколеницата е причината поради која Мегваер нема да оди во Германија.

Поголемо изненадување е отсуството на Џек Грилиш, од редовите на шампионот Манчестер сити. Тој играше на пријателскиот натпревар со Босна и Херцеговина (3:0), па не се знае зошто Саутгејт решил да го остави дома.

Се верува дека Саутгејт ќе ги пречкрта и имињата на Кртис Џонс, Џерел Кванза, Џерад Брентвејт и Џејмс Трафорд до утре, кога треба да го достави конечниот список.

Инаку, Англија е во групата Ц со Србија, Данска и Словенија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО