Паолини втора финалистка на Ролан Гарос

Италијанката Јасмин Паолини го оставри најголемиот успех во кариерата. Та се пласира во финалето на Ролан Гарос. За титулата, во сабота, ќе се бори со Ига Швјонтек.

Паолини по 75 минути игра ја совлада младата Русинка Мира Андреева со резултат 6:3, 6:1.

Паолини стана првата Италијанка во финалето на Грен слем по Флавија Пенета и Роберта Винчи во 2015 година.

Инаку, Јасмин одигра исклучителен натпревар. Во првиот сет и беше доволен еден брејк кој го постигна во четвртиот гем 6:3.

Уште повеќе го зголеми ритамот во вториот сет, во вториот сет не му даде шанса на тинејџерското вундеркиндје од Русија бидејќи трипати брејка, во третиот, петтиот и последниот, седми гем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО