Андреј Сантос на чекор до Јунајтед

По веќе договорениот трансфер на Едерсон од Аталанта, „црвените ѓаволи“ се пред прагот на ангажман на уште еден Бразилец.

Станува збор за фудбалерот на Челси, Андреј Сантос, кој веќе ги договорил личните услови со клубот од „Олд Трафорд“ и наскоро се очекува трансферот да биде официјализиран.

Јунајтед ќе плати 56 милиони евра за Сантос, плус дополнителни 2,4 милиони евра преку лесно достижни бонуси, додека Челси ќе задржи и 10 проценти од евентуален иден трансфер на 22-годишниот фудбалер.

Првичните желби на Јунајтед биле Елиот Андерсон и Матеуш Фернандеш, но нивните клубови побарале суми од околу 100 милиони евра, па англискиот гигант се насочил кон Сантос како поповолна опција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО