Панатинаикос го потврди ангажманот на францускиот репрезентативец Гершон Јабуселе, кој потпиша тригодишен договор со грчкиот гигант и каде 30-годишниот кошаркар ќе заработи околу 12 милиони евра за тригодишната соработка.
Јабуселе зад себе има богато искуство во НБА и европската кошарка.
Минатата сезона ја започна во Њујорк, а потоа се пресели во Чикаго, каде што во просек бележеше по 10 поени и 5,7 скока по натпревар.
Во текот на кариерата настапуваше и за Филаделфија, Реал Мадрид, Асвел, Бостон, Шангај, Руан и Роан.