Aндреј Лазаров останува во Хрватска – пред потпис со Горица

Македонскиот фудбалски интернационалец Андреј Лазаров и во пролетниот дел од полусезоната ќе продолжи со настапите во ХНЛ.

Лазаров кој во есенската полусезона настапуваше за Рудеш реши да го праскине договорот, а според информациите на „Спортклуб.мк“ нов клуб ќе му биде уште еден хрватски пролигаш.

Тоа е екипата на Горица која пред неколку сезони од клупата ја предводеше поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски.

Па така за Лазаров екипата на Горица ќе биде втор интернационален предизвик, а претходно во Македонија има играно за Работнички и Тиквеш.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО