Анчелоти не штедеше комплименти за украинскиот голман

Реал Мадрид го совлада Лајпциг на гости во Германија со 1:0 во првиот осминафинален меч во Лигата на шампиони (ЛШ) со што си обезбеди солидна предност за реваншот во Шпанија.

Гостите на голот го имаа расположениот Украинец, Андриј Лунин (25), кој имаше девет одлични интервенции за што доби многу комплименти од тренерот Карло Анчелоти.

– Лунин бранеше одлично, најдобро откако е кај нас. Тој е голман кој нема голема минутажа, но одлично напредува. Факт е и дека на вакви натпревари ја стекнува неопходната самодоверба. Мислам дека беше добро се најде на теренот, изјави Анчелоти.

Лунин на најдобар можен начин го искористи отсуството на првиот голман Тибо Куртоа. Сезонава Лунин бранеше на 17 меча и прими 13 гола. Во кариерата тој бранеше и за Металист, Днипро, Зорја, Леганес, Валјадолид и за Овиедо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО