Италијанскиот стратег на клупата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, имаше само пофални зборови за неговите избраници кои вчера ја совладаа убедливо Џирона во дербито на колото и се издвоија на челната позиција на табелата во Примера Дивизион.
„Дон Карло“ посебно се насочи кон играта на Винициус кој покрај голот на мечот со Џирона, имаше и две асистенции. Бразилецот досега има одиграно 21 меч со ефект од 12 голови и седум успешни додавања. „Во моментов, според мене, Винициус е најдобар во светот. Тој одигра врвен натпревар. Тој е најдобар во светот, Белингем е втор а Родриго трет“ – изјави Анчелоти по убедливата победа од 4-0.