Американците уриваат рекорд во обложување на спортски настан

Рекордни 67,8 милиони Американци планираат да се обложуваат на „Super Bowl – Super Bowl LVIII“ меѓу Канзас Сити и Сан Франциско,о соопшти Американското здружение за обложување.

Бројките значат дека приближно 25% од Американци ќе ја искористат можноста. Мечот е закажан за утре во 00.30 часот во Лас Вегас кој е главен град на „коцкањето“ на САД.

Вкупниот влог се очекува да биде 23,1 милијарди долари што е значително повеќе од минатогодишното издание на финалето, кога во игра беа околу 16 милијарди долари. Обложувањето на спортски настани е дозволено во 38 држави плус Вашингтон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО