Аморим пред натпреварот против Борнмут: Очекувам да биде уште еден многу тежок предизвик

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, ги сподели своите очекувања за домашниот натпревар против Борнмут во 16. коло од англиската Премиер лига.

– Верувам дека Борнмут е тим од врвно ниво со извонреден тренер и квалитетни играчи. Не гледам на резултатите. Гледам како пристапуваат кон кој било противник. Притискаат многу агресивно, се многу директни во својата игра. Можат да користат различни напаѓачки опции, а тоа ни дава многу работа, за да се подготвиме за натпреварот. Затоа очекувам да биде уште еден многу тежок предизвик за нас, но треба да победиме, особено што играме дома, и тоа е нашата цел, рече Аморим на прес-конференција.

Манчестер Јунајтед е седми на табелата во англиската Премиер лига со 25 бода по 15 натпревари. Борнмут има 20 бода од 15 натпревари и моментално е на 13. место.

Натпреварот Манчестер јунајтед – Борнмут ќе се игра утре со почеток во 21 часот.

Фото: ЕПА

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО