Американците го составија тимот од соништата за ЛОИ 2024

Кошаркарите на САД на Светското првенстви (СП) лани пристигнаа без најголемите НБА ѕвезди и на крајот останаа без медал откако во полуфиналето загубија од шампионот, Германија (111:113), а во борбата за третото место од Канада (118:127, продолжение).

Поучени од тој неуспех Америкакците подготвуват „супер тим“ за Летните олимписки игри (ЛОИ) годинава. Инсајдерот Адријан Војнаровски открива дека во репрезентацијата на САД сигурни се 11 од 12-те играчи кои Стив Кер ќе ги води во Париз.

Големите НБА ѕвезди најавија враќање во ростерот што и се случи, па така Американците повторно ќе бидат тимот што другите ќе се обидат да го достигнат.

Листата ја предводат мегаѕвездите Леброн Џејмс и Стеф Кари, а тука се Кевин Дурент, Џејсон Тејтум, Девин Букер… но и Џоел Ембид во дебитантската акција за репрезентацијата на САД.

Сите играчи на списокот, со исклучок на Ембид, кој како 16-годишник се пресели од Камерун во Америка и кој пред две години зеде и француско државјанство, веќе играа за САД на големите натпреварувања.

Леброн Џејмс се враќа на Олимписките игри, за прв пат по Лондон 2012 година, и тоа ќе биде негов четврти настап на олимпискиот турнир. Кари никогаш не играл на ЛОИ. Кошаркарскиот турнир во Париз ќе се одржи од 27 јули до 11 август, а САД се во групата Ц со Србија, Јужен Судан и со се’ уште непознат квалификант.

Состав на САД за ЛОИ во Париз (11 од 12 играчи): Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс), Стеф Кари (Голден Стејт вориорс), Кевин Дурент (Феникс санс), Џоел Ембид (Филаделфија сиксерс), Џејсон Тејтум (Бостон селтикс), Девин Букер (Феникс санс), Тајрис Халибартон (Индијана пејсерс), Ентони Едвардс (Минесота тимбервулвс), Џру Холидеј (Бостон селтикс), Бам Адебајо (Мајами хит) и Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс)

.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО