Алонсо нема да го напушти Баер Леверкузен летово

Чаби Алонсо нема да го напушти Баер Леверкузен на крајот од сезоната. Се очекува Шпанецот да остане на чело на „фармацевтите“ најрано до јуни 2025 година, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Во истовреме, договорот на Алонсо ќе вклучува обештетување. Според изворот, Баерн е подготвен да чека со назначувањето нов тренер, се’ додека Алонсо не донесе конечна одлука.

Баер Леверкузен сезонава е непоразен на 38 меча во сите конкуренции, има забележано 33 победи и пет ремија. „Фармацевтите“ се лидери во Бундеслигата, со 10 бода предност пред Баерн Минхен, а обезбедија пласман во полуфиналето на Купот на Германија и во четвртфиналето на Лига Европа (ЛЕ).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО