Пролет даде отпор во првите 30 минути, но на паузата со водство од 10-9 заминаа ракометарите на Алкалоид.
Избраниците на Кире Лазаров блеснаа во вториот дел и со одличен напад создадоа водство кое го зачуваа до крајот.
Најдобар во победата беше Мартин Серафимов со пет голови, додека Андоновски постигна четири погодоци за Пролет.
Тиквеш беше подобар од Струга во Кавадарци, откако првото полувреме го доби со 14-12, а во завршницата од дуелот го реши прашањето за победникот и славеше со 32-25.
Најдобар во победата беше Мирко Мајиќ со пет голови, додека Мерис Бошњак постигна 10 гола за Струга.