Ракометарите на Алкалоид се вториот финалист во Купот на Македонија откако денеска во второто полуфинале успеаја да го совладаат градскиот ривал Вардар со 25:24.
„Црвено-црните“ влегоа како фаворити на овој меч, но начинот на кој го одиграа, практично гистави во подредена улога цел меч. Алкалоид на селекторот Лазаров беше пдообро тактички подготвен и ги искористи сите пропусти на противникот за да дојде до предност уште во првиот дел. Вардар се приближуваше постојано, на крајот имаше и пенал за израмнување и продолженија, но Срдановиќ не успеа да погоди, а голманот Галевски стана херој на Алкалоид.
Галевски со три одбранети пенали беше меѓу најдобрите поединци на натпреварот, но најефикасни кај Алкалоид беа Серафимов со седум и Бинго со шест погодоци. Кај Вардар Лазаревски постигна 6 гола. Во неделното финале од 19 часот ќе играат Е. Пелистер и Алкалоид.