Дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис е блиску до трансфер во Реал Мадрид, пренесува весникот „АС“. Шпанците веќе ги договориле личните услови од договорот со 23-годишниот Канаѓанец.
Реал е подготвен да плати меѓу 25 и 30 милиони евра како обештетување за играчот, но Баерн бара 50 милиони евра. Сезонава Дејвис одигра 31 натпревар на кои постигна еден гол и трипати асистираше.