Поранешниот ас на Ферари, Жан Алези, смета дека Ферари во најмала рака направил некоректна ситуација кон нивниот возач Карлос Саинц, кој сега е во незавидна ситуација.
Ферари веќе го потврди доаѓањето на Луис Хамилтон од сезоната 2025 година, а Шарл Леклер пред неколку недели потпиша нов договор со тимот од Маранело, со што од боксот на Ферари најавија меѓу редови дека Карлос Саинц ќе биде „жртвеното јагне“ во овој триаголник.
Со таквата ситуација не се согласува ни Жан Алези, кој смета дека е неправедно кон Саинц за ваквата несекојдневна ситуација, бидејки има цела една сезона пред нив, а во Ферари се уште немаат решено и немаат ја известено јавноста околу тоа кој возач ќе замине следната сезона.
– Односот и перформансите на Саинц овие неколку години беа повеќе од позитивни, дури изненадувачки за мене. Резултати, компетитивност, дисциплина и фер плеј кон тимскиот колега. Вистински џентлмен, кој не заслужи да се најде во ваква некомфорна и непосакувана ситуација, порача Алези, алудирајки дека тој веројатно ќе биде возачот кој ќе го напушти бродот на Италијаните.