Александер Чеферин: Играњето на Украина или Израел на ЕП би можело да биде ризично

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин, верува дека учеството на Украина или на Израел на завршниот турнир на Европското првенство (ЕП) во фудбал летово во Германија, би можело да претставува безбедносен ризик.

– Во овие времиња, каде што геополитички светот полудува, најголемата грижа е безбедноста. Мојот страв не се само стадионите, затоа што стадионите, сигурен сум, ќе бидат соодветно заштитени. Но, навивачите ќе бидат насекаде низ градовите и по околните места, вели Чеферин.

Тој смета дека Германија ги има работите под контрола, нарекувајќи ги „добри организатори“.

– Треба да бидеме оптимисти. Сè уште мислам дека сè ќе биде добро, истакнува Чеферин.

Украина игра со Босна и Херцеговина, а Израел со Исланд во плеј-оф полуфиналето за ЕП 2024-та, на 21 март. Победниците од овие мечеви потоа на 26 март ќе играат за место на финалниот турнир во Германија што ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО