Александар Усик се подготвува за пензија

Познат е последниот противник на украиснкиот тешкаш Александар Усик во професионалниот бокс.

Украинецот има 39 години, се ближи кон крајот на својата кариера и неговата следна пресметка ќе биде еден од неговите последни настапи на главната боксерска сцена.

Промотерот Еди Херн го откри неговиот следен противник. Англичанецот изјави дека следната борба на Усик ќе биде со Деонтеј Вајлдер.

„Како што јас знам – Усик ќе се бори против Вајлдер“, изјави Херн.

Усик има непоразен професионален рекорд од 25 победи и до неодамна ги држеше појасите на WBA, WBC и IBF, но на 26 јуни објави дека ќе се откаже од своите појаси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО