Алекс Фергусон го купи официјално најскапиот коњ во историјата на трките

Некогашниот трофеен тренер на Манчестер Јунајтед, познато е дека е вљубеник во тркачките коњи, а неретко и го гледаат низ Англија по разни хиподроми, сега како хоби, си го купи најскапиот коњ во историјата.

Легендарниот шкотски стратег ги обожава коњските трки а со тоа и овие племенити животни, а тој го купи заедно со негови пријатели за сума од, верувале или не, 740 000 евра.

Алекс Фергусон учествуваше во купување на коњот по име Колдвел Поттер, а го купи заедно со Гед Мејсон, Џон Халес и Петер Даун.

Шкотот откако се повлече од фудбалот, своето време често го троши на својата друга страст, хиподромот и трките.

Легендата на „црвените ѓаволи“ ќе остане запаметен во историјата на Манчестер Јунајтед, бидејки прв ја освои титулата во ЛШ, по падот на авионот во Минхен далечната 1958 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО