Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк би можел да стане уште еден во низата фудбалери кои ќе ја напуштат Европа и ќе се преселат на Блискиот Исток.
Според шпанска „Марка“, Холанѓанецот има одлична понуда од екипата на Ал Наср од Саудиска Арабија, која може да го направи најплатениот дефанзивец на светот.
За услугите на 32-годишниот Холанѓанец е заинтересиран тимот во чии редови веќе играат европските ѕвезди како Роналдо, Емерик Лапорт, Марсело Брозовиќ, но и Отавио и Садио Мане.
Генералниот директор на саудискиот клуб веќе се состанал со фудбалерот и му понудил договор според кој тој ќе стане најплатениот играч на својата позиција во светот.
Ван Дајк минатата сезона одигра 48 натпревари, постигна четири гола и имаше две асистенции во дресот на Ливерпул, со кого има договор до 2025 година.