Ал Наср понудил 30 милиони евра, Сити побара 60 милиони за Едерсон

Манчестер Сити не прифатил да го продаде бразилскиот голман Едерсон во Ал-Наср за сума од 30 милиони евра. Според информациите, Сити нема проблем со продажба на Едерсон, но бара двојно повеќе од понудената сума.

Англискиот клуб ја одби понудата на Саудијците од 30 милиони евра за Едерсон и побара 60 милиони, ако сакаат да им дозволат на првите луѓе на Ал Наср да преговараат со Едерсон.

Преговорите меѓу страните сега се прекинати. Клубот од Ријад наводно се префрлил на голманот на Атлетико Паранаенсе, Бенто Крепски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО