Саудискиот клуб Ал-Итихад го објави назначувањето на францускиот стручњак Лоран Блан на местото главен тренер на клубот.
-Лорен Блан е новиот тренер на Ал-Итихад“, се вели во соопштението на прес-службата на клубот.
Последното место на работа на Блан беше францускиот Олимпик Лион. Блан работеше за Лион нешто помалку од една година и беше отпуштен на 11 септември 2023 година. Тој беше именуван за главен тренер на тимот на 9 октомври 2022 година. Пред ова францускиот тренер ја водеше француската репрезентација, но и екипи како ПСЖ, Бордо и катарскиот Ел-Рајан.
Да потсетиме, досегашниот селектор на тимот Марсело Гаљардо доби отказ поради конфликт со францускиот напаѓач на клубот Карим Бензема. Минатата сезона во првенството на Саудиска Арабија, Ал-Итихад заврши на петтото место со 54 бода.