Поранешниот напаѓач на Манчестер сити и Аргентина, Серхио Агуеро ги демантираше гласините дека би можел да ја продолжи кариерата.
– Тоа е апсолутна лага. Нема да тренирам со Индепендиенте. Мислам дека веста е измислена. Добив порака од мојот кардиолог и тој рече дека сум добро. За мене е најважно да бидам во добра здравствена состојба, но за да им се вратам на тренинзите на највисоко ниво, треба да минам многу тестови, изјави Агуеро.
Да потсетиме, Агуеро ја заврши кариерата во 2021 година поради проблеми со срцето. Последен негов клуб беше Барселона, а настапуваше за Манчестер Сити, Атлетико Мадрид и за Индепендиенте.