Соработката на Иван Тричковски со АЕК Ларнака, ова лето најверојатно и скоро извесно ќе заврши.
Клубот информираше дека нема да му понудат нов договор на македонскиот интернационалец како фудбалер, но за него имаат друга отворена понуда.
Иван Тричковски несомнено е икона на модерниот АЕК Ларнака, па од таа причина, не сакаат да го испуштат од раце, па му ја нудат позицијата директор во клубот, што и за Тричко, би била доста примамлива.
Тричко е сопственик на повеќе рекорди во овој клуб, тој е играч со најмногу настапи, вкупно 296, а има постигнато и 147 погодоци.
Главниот збор ќе го има Тричковски, кој ќе има право да збира дали да земе и да одбие од понуденото.