Адам Силвер останува НБА комесар до крајот на деценијата!

Адам Силвер, комесарот на НБА лигата, е пред продолжувањето на договорот и ќе остане на функцијата до крајот на деценијата, според пишувањето на ЕСПН.

Договорот доаѓа малку пред 10-годишнината откако Силвер е комесар.Тој го замени Дејвид Стерн кој замина во пензија во 2014 година и оттогаш е клучен дел од историјата на НБА.

Неговата последна иницијатива беше воведувањето на турнир во екот на сезоната (победи ЛА Лејкерс) кој беше многу гледан. Други обележја на мандатот на Силвер се плеј-ин турнир на крајот од сезоната, учество во легализирањето на обложувањето во спортската индустрија итн.

Но мандатот на Силвер не мина без контроверзи и скандали. Тој одигра улога во истиснувањето на двајца сопственици на НБА клубови, Доналд Стерлинг од Лос Анџелес клиперс и на Роберт Сарвер од Феникс санс поради скандали.

За НБА и за некои играчи имаше значителни политички реакции за нивните постапки, или недостиг од нив, откривајќи ги чувствителните односи со Кина и со нејзиниот профитабилен пазар.

Имаше зголемени критики и за справувањето со случаите на семејна злоупотреба и сексуално насилство.

Сега голема грижа за лигата ќе бидат претстојните телевизиски преговори со влогови од повеќе милијарди долари. Вреднувањата на НБА франшизата продолжија да растат под Силвер, но нејзиниот рејтинг во постсезоната е во опаѓање.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО