ЖКК Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци без лиценца за настап во новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за лиценцирање, по спроведената постапка и разгледувањето на целокупната доставена документација, утврди дека во Првата лига – жени, условите за добивање лиценца за настап во натпреварувачката сезона 2026/27 не ги исполнија ЖКК Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци.

Во текот на постапката, двата клуба беа навремено известени за констатираните недостатоци во доставената документација, како и за условите што требаше да ги исполнат за успешно завршување на постапката.

И покрај дадените насоки и оставениот рок за отстранување на утврдените недостатоци, клубовите не ги исполнија условите пропишани со Системот за лиценцирање.

Согласно донесената одлука на Комисијата за лиценцирање, на ЖКК Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци не им е издадена лиценца за настап во натпреварувачката сезона 2026/27.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО