Далиќ повторно седнува на селекторската клупа за 5.000.000 евра годишно

Златко Далиќ конечно донесе одлука за својата иднина.

Поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати, дознава „24сата“. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ ќе отпатува во Дубаи на крајот од овој месец (или почетокот на следниот) за да потпише повеќегодишен договор со ОАЕ.

Парите исто така играат важна улога во одлуката за преселба во Емиратите, а Далиќ би можел да заработува дури пет милиони евра годишно.

Најуспешниот тренер во историјата на Хрватска, направи кратка пауза по Светското првенство во САД пред, во консултација со своето семејство, да одлучи да ја продолжи кариерата.

Далиќ неколку пати изјави дека во оваа фаза од животот повеќе не е заинтересиран за клупска тренерска работа, туку исклучиво за водење на национални тимови. По деветгодишно патување со Хрватска, дојде време за нови предизвици.

Хрватскиот селектор веќе постигна усмен договор со претседателот на локалниот фудбалски сојуз, шеикот Хамдан бин Мубарак Ал Нахјан, кој е импресиониран од сè што постигнал Далиќ во кариерата.

Иако точниот датум на заминување на Далиќ на Блискиот Исток сè уште не е познат, тој ќе ги предводи Обединетите Арапски Емирати на Купот на Заливот, кој се одржува во Саудиска Арабија кон крајот на септември. Далиќ ќе го има своето деби на 24 септември против Јемен во Џеда, каде што има и натпревари во групната фаза против Бахреин и Катар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО