Улична банда уби репрезентативец на Уганда

Фудбалот во Уганда е завиен во црно, откако капитенот на Вила и репрезентативец на својата земја, Давид Овори почина како резултат на брутален напад во Кампала.

Тој имаше само 27 години.

Според полицијата, Овори бил нападнат во близина на својот дом кога им се спротивставил на крадците кои се обиделе да му го украдат мобилниот телефон и други лични работи.

Сведоци тврдат дека група напаѓачи го претепале со камени коцки, по што избегале, оставајќи го во несвест.

Фудбалерот бил итно префрлен во болница, каде им подлегнал на сериозните повреди. Вила се збогува со својот капитен со емотивна порака.

„Изгубивме многу повеќе од играч. Изгубивме лидер, брат и пријател“, објави клубот.

Во 2023 година, Давид Овори се врати во Вила по двегодишен престој во Европа и го предводеше клубот до нивната прва титула во лигата по 20 години, беше стандарден репрезентативец на Уганда.

Полицијата започна истрага и интензивно ги бара напаѓачите, додека неговото убиство предизвика јавно негодување и обновени повици до властите да ја засилат борбата против насилниот криминал во главниот град на Уганда.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО