Жозе Мурињо одлучи да ѝ се „закани“ на големата ѕвезда на Реал Мадрид, која не планира да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.
Иднината на играчот од средниот ред Камавинга повторно е една од главните теми кога е летниот преоден рок во прашање, откако се појавија информации за неговиот разговор со португалскиот стручњак.
Според странските медиуми, Специјалниот одлучил целосно да биде отворен со францускиот репрезентативец и да му објасни каква улога гледа за него во претстојната сезона.
Наводно му рекол на Едуардо Камавинга дека не може да очекува голема минутажа и дека во моментов не е меѓу играчите на кои ќе се потпира како на стандардни првотимци.
Таквиот разговор би можел да претставува пресвртница во кариерата на 23-годишниот играч од средниот ред, особено затоа што во последните недели сè почесто се споменува можноста за негово заминување од клубот.
Сепак, и покрај јасната порака што ја доби од тренерот, Камавинга нема намера да се откаже од борбата за место во тимот. Според изворите, тој сака да остане во клубот и да се обиде да се бори за поголема улога преку тренинзите, пријателските натпревари и настапите кога ќе добие шанса.
Тој верува дека неговиот квалитет може да го убеди Мурињо да се премисли и верува дека сезоната ќе донесе доволно натпревари за да докаже дека заслужува повеќе време на теренот.