Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, беше крајно незадоволен од пристапот на своите играчи во второто полувреме од пријателскиот натпревар против Фиорентина, кој заврши 2-2.
Португалецот остро го критикуваше тимот за опуштеноста што доведе до нерешен резултат, пишува „goal.com“.
Реал влезе во вториот дел со предност од 2:1, а претходно пропушти неколку шанси што можеа да го решат натпреварот порано. Сепак, во продолжението од натпреварот, пристапот на тимот целосно се промени. Мојсе Кин ја искористи опуштеноста во играта на Реал и го постигна конечниот резултат во 58-та минута.
Шпанскиот весник „AS“, објави дека Мурињо ја искористил паузата за освежување за да ги испрати жестоки кртики до своите фудбалери.
Според овој извор, тој бил бесен поради прекумерната самодоверба со која тимот влегол во второто полувреме, што довело до губење на контролата врз играта. Тој веднаш ги замолил да го подигнат нивото на ангажман и да ја вратат концентрацијата.