КК Монако исфрлен од француската кошаркарска лига

Кошаркарскиот клуб Монако е информиран дека Комитетот за жалби на Француската кошаркарска федерација (FFBB) ја отфрлил жалбата на клубот откако не успеале да ја добијат потребната финансиска документација во продолжениот рок и дека клубот од Кнежевството нема да учествува во Француската лига следната сезона.

Тимот од Кнежевството се актуелни шампиони на Француската лига, а прво беа одбиени од федерацијата на гореспоменатата земја на 3 јули оваа година, само за да поднесат жалба и да добијат дополнителен рок за добивање на потребната финансиска документација, но тоа не се случи.

„Кнезовите“ нема да играат во француското првенство, со што автоматски тие нема да бидат дел од Евролигата следната сезона, туку ќе се натпреваруваат во Еврокупот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО