Големата награда на Бахреин за 2026 година нема да се вози на Блискиот Исток, туку привремено се сели директно на легендарната патека „Сепанг“ во Малезија.
Челниците на Формула 1 и ФИА официјално потврдија дека е постигнат уникатен договор меѓу владите на Бахреин и Малезија, со што се спасува одржувањето на трката.
Настанот официјално ќе се вика „Формула 1 Галф Ер Голема награда на Бахреин во Малезија“ и ќе се одржи од 2 до 4 октомври 2026 година, сместувајќи се во календарот помеѓу трките во Азербејџан и Сингапур. Остатокот од распоредот за 2026 година останува непроменет.
„Сепанг“ дебитираше во 1999 година и е добро познат по своите страсни навивачи, возбудливото тркање и крајно непредвидливите временски услови. Последен пат моторите таму грмеа во 2017 година, кога триумфираше Макс Ферстапен.