Бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор сè уште не им се приклучил на тренинзите на Реал Мадрид, што дополнително ги засили шпекулациите околу неговата иднина во шпанскиот клуб.
Според „Дејли мејл“, во Реал очекувале крилниот напаѓач да се врати во тренажниот процес пред крајот на месецот, откако со репрезентацијата на Бразил го заврши настапот на СП.
Според информациите неговите претставници се обидуваат да ги обноват преговорите со Реал за продолжување на договорот.
Според англиските медиуми, Арсенал внимателно ја следи ситуацијата и би можел да се обиде да го искористи евентуалниот застој во преговорите меѓу Винисиус и Реал Мадрид.